• сабота, 23 ноември 2024

Приведен турски државјанин поради фалсификуванa зеленa картa

Приведен турски државјанин поради фалсификуванa зеленa картa
Скопје, 6 април 2022 (МИА) - На Граничниот премин „Деве Баир“ синоќа е приведен државјанин на Република Турција, кај кого при пасошка контрола било утврдено дека поседувал фалсификуванa зеленa картa, соопшти Министерството за внатрешни работи. - Синоќа во 21:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена пасошка контрола на Д.С.(40) од Република Турција, кој управувал товарно моторно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, било утврдено дека поседувал фалсификуванa зеленa картa, посочуваат од МВР. Лицето било лишено од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.фф/са/

Остани поврзан