• среда, 28 август 2024

Приведен сторителот на синоќешниот напад во Брисел

Приведен сторителот на синоќешниот напад во Брисел

Брисел, 17 октомври 2023 (МИА) - Сторителот на синоќешниот напад во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани е приведен, јавија локалните медиуми.

Се наведува дека бил застрелан од полицијата во градите, но е жив, пренесе БТА.

Според извештаите на медиумите, Абдесалем Л., роден на 1 септември 1978 година, мигрант од Тунис кој илегално престојувал во Белгија, бил пронајден во кафуле недалеку од домот во кој живеел во квартот Скарбек во главниот град.

Според локалните медиуми, тој престојува во Белгија од 2019 година и поднел барање за бегалска заштита. мс/

Остани поврзан