Приведен скопјанец по распишана централна потерница
- Полициски службеници ЕВР Центар и Бит Пазар вчера во 14.40 часот, го лишиле од слобода Е.М.(34) од Скопје.

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Полициски службеници ЕВР Центар и Бит Пазар вчера во 14.40 часот, го лишиле од слобода Е.М.(34) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје и за него, како што информираа денеска од МВР, била определена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор. цр/
Фото: МИА архива