• недела, 28 јули 2024

Приведен разбојник од Скопје осомничен за кражби во обложувалници

Приведен разбојник од Скопје осомничен за кражби во обложувалници
Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) - Во скопско Ново Село во 06.10 часот изутрината полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(26) од село Ново Село. Како што информираа од МВР, тој се сомничи дека во периодот од 24.02.2021 до 21.05.2021 со закана од вработени во четири обложувалници на ул.„Митрополит Tеодосиј Гологанов“, ул.„Орце Николов“ и ул.„Никола Тримпаре“ во Скопје одзел пари. При претрес во неговиот дом во село Ново Село, извршен утрово со судска наредба, билe  пронајдени предмети поврзани со кривичните дела. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/лв/

Остани поврзан