• сабота, 23 ноември 2024

Приведен прилепчанец, кај него пронајдени украдени предмети 

Приведен прилепчанец, кај него пронајдени украдени предмети 
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - На улица „Широк Сокак“ во Битола, вчера полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Љ.М. (69) од Прилеп. Како што информираа денеска од МВР, тој се сомничи дека е сторител на кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, a при преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. Со судска наредба, во текот на денот бил извршен и претрес во неговиот дом во Прилеп и бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/сп/

Остани поврзан