Приведен прилепчанец за кого била распишана потерница
- Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Прилеп вчера го лишиле од слобода 26-годишниот прилепчанец Х.Р. по кого била распишана потерница, соопшти Министе

Скопје 28 март 2022 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Прилеп вчера го лишиле од слобода 26-годишниот прилепчанец Х.Р. по кого била распишана потерница, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- За Х.Р. била распишана потерница по наредба од Основен суд Прилеп, по члеб 215 од Кривичниот законик за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и истиот бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола, стои во соопштението на МВР. сх/сп/