• среда, 27 ноември 2024

Приведен полицаец за примање поткуп

Приведен полицаец за примање поткуп
Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) - Полицаец од Куманово вечерва е приведен за поткуп за наводно спречување истрага против правно лице. -Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357 , примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ, соопшти МВР. Како што појаснуваат, полицаецот, од правно лице од Куманово побарал пари за наводно да сопре наводна истрага против тоа правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери. Од полицијата информираат дека сопственикот на фирмата го пријавил случајот во МВР по што вечерва во Куманово, во просториите на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2.000 евра, а откако ги земал парите полицаецот бил приведен. бк/лв/

Остани поврзан