• среда, 25 декември 2024

Приведен охриѓанец поради нудење поткуп

Приведен охриѓанец поради нудење поткуп

Скопје, 11 септември 2023 ( МИА) -  На магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево вчеравечер го лишиле од слобода А.Ј.(59) од Охрид.

Тој, како што известуваат денеска од МВР, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, кои веднаш му биле вратени. 

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. љм/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан