• сабота, 23 ноември 2024

Приведен осуденик баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“

Приведен осуденик баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје лиши од слобода криминалец баран со потерница за затворска казна од 12 години и десет месеци, соопшти денеска  Министерството за внатрешни работи. 

Како што наведува во соопштение, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера (21 јули) го уапсиле 34-годишниот Ј.С. од Скопје кој поради бегство од затворот „Идризово“ бил баран со потерница по наредба на Основниот кривичен суд,

-Ј.С. бил осуден на казна затвор од 12 години и 10 месеци во врска со член 188 ст.1 и чл. 236 ст. 1 т.1 в.в чл. 22 и чл. 24 од  Кривичниот законик. Тој ќe биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа, наведува МВР.  хс/дма/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан