Приведен насилник од Скопје, физички нападнал малолетници
- Како што информираат од МВР, М.Л. претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела В

Скопје, 10 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Аеродром, синоќа во 20:00 часот на бул.„Србија“ го лишиле од слобода М.Л.(21) од Скопје.
Како што информираат од МВР, М.Л. претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал уште двајца малолетници, информираат од МВР.
-М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, велат од МВР. дма/

Фото: МИА архива