• петок, 26 јули 2024

Приведен малолетен разбојник во Битола, украденото вратено на сопственикот

Приведен малолетен разбојник во Битола, украденото вратено на сопственикот

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Приведен малолетник во Битола откако ноќеска нападнал 68-годишен битолчанец и му одзел паричникот.

- Денеска, во 03.50 часот, во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при битолското СВР лишиле од слобода 16-годишен малолетник од градот заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво. Имено, малолетникот ноќеска, во 03.20 часот, на ул. „Партизанска“ во Битола физички го нападнал битолчанецот Д.С.(68) и му го одзел паричникот, информираат од МВР.

Малолетникот во присуство на родител бил приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот.

- По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од полицијата. ир/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан