• петок, 08 ноември 2024

Приведен маж од Свети Николе поради предизвикување пожар

Приведен маж од Свети Николе поради предизвикување пожар

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера уапсиле маж од Свети Николе поради предизвикување пожар во руинирана куќа.

-Полициски службеници од ОВР Свети Николе вчера го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што на 31.07.2024 околу 13:30 часот кај место викано „Крушки" во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од Министерството, пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители.

Од МВР соопштуваат дека по насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан