• вторник, 24 декември 2024

Приведен маж од Светиниколско, намамувал малолетничка на обљуба

Приведен маж од Светиниколско, намамувал малолетничка на обљуба
Скопје, 22 април 2021 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Свети Николе вчера го лишиле од слобода Б.Т.(59) од радовишкото село Ораовица, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба. - По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А.(63) во село Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот, се наведува во соопштението од МВР. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство. цр/са/

Остани поврзан