Приведен криумчар на мигранти
- На место викано „Солунски пат“, во близина на границата со Р.Грција, вчера во 16.45 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода Ј.М.(31) од с.Синѓелиќ, скопско.
Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - На место викано „Солунски пат“, во близина на границата со Грција, вчера во 16.45 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода Ј.М.(31) од с. Синѓелиќ, скопско.
МВР денеска соопшти дека Ј.М. со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, превезувал шест лица-мигранти, од кои пет од Кина и еден од Пакистан.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и Прифатниот центар за странци-Гази Баба во Скопје. цр/лв/
Фото: МИА архива