Приведен криумчар на мигранти во Гевгелија, пронајдени осум лица од Сирија
- Денеска во 17.30 часот во близина на хотел во Гевгелија полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН и ГП Богородица го лишија од слобода М.С. (28) од Гевгелија.

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) - Денеска во 17.30 часот во близина на хотел во Гевгелија полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН и ГП Богородица го лишија од слобода М.С. (28) од Гевгелија.
Како што соопшти МВР, при контрола на возило „фиат“ што тој го управувал, пронајдени се осум лица- илегални мигранти од Сирија.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. нд/
Фото: МИА архива