• четврток, 26 декември 2024

Приведен криминалец од Прилеп баран со потерница за доиздржување казна затвор

Приведен криминалец од Прилеп баран со потерница за доиздржување казна затвор
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица од општа надлежност Прилеп, денеска во Прилеп го лишиле од слобода дваесет и осумгодишниот прилепчанец Е.М. Како што информираат од МВР, тој бил  баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казна затвор од две години и два месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „разбојништво“. -Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворската казна, велат од МВР. дма/нд/

Остани поврзан