• недела, 22 декември 2024

Приведен криминалец од Липковско за издржување казна затвор од три години и четири месеци

Приведен криминалец од Липковско за издржување казна затвор од три години и четири месеци
Скопје, 6 мај 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.00 часот, го лишиле од слобода Н.М.(49) од село Слупчане, општина Липково. Од МВР денеска соопштија дека тој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната. цр/лв/

Остани поврзан