• вторник, 24 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен криминалец во Тетовско за издржување тригодишна затворска казна

Приведен криминалец во Тетовско за издржување тригодишна затворска казна

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Во тетовското село Брвеница синоќа во 19:20 часот полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле Х.В.(35) од Кавадарци.

МВР денеска соопшти дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. цр/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан