• среда, 25 декември 2024

Приведен крадец од Ресен, поднесена кривична пријава 

Приведен крадец од Ресен, поднесена кривична пријава 
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Ресен - Надворешна канцеларија за криминалистички работи денеска до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.М.(36) од Ресен, по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид. Како што соопштија од МВР денеска, 15.12.2021 околу 02.00 часот на ул.„Мите Богоевски" во Ресен, пријавениот со употреба на сила и подесен алат се обидел да изврши кражба од банкомат, при што скршил стакло од објект во кој бил поставен банкоматот, притоа оштетувајќи го и него. Набрзо М.М. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица и во службен разговор го признал и појаснил делото. цр/лв/

Остани поврзан