• четврток, 25 јули 2024

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници го привеле А.Б.(34) од Скопје, кој вчера на паркинг простор пред хотел во главниот град, му го одзел мобилниот на С.Ј.(62) од Пробиштип. Полицијата одземеното му го вратила на сопственикот.

МВР информира дека на 23 јули, во 13.10 часот, на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода скопјанецот А.Б.(34).

- Тој се сомничи дека околу 12.45 часот на паркинг простор пред хотел на подрачјето на Центар му го одзел мобилниот телефон на С.Ј.(62) од Пробиштип. Според пријавеното, при обид да си го врати одземеното, С.Ј. бил нападнат со тврди предмети од А.Б., кој му го оштетил возилото.
Со А.Б. бил извршен службен разговор во полициска станица и кај него бил пронајден одземениот предмет, известуваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. ир/дма

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан