• среда, 27 ноември 2024

Приведен крадец во Свети Николе, расчистени 10 кривични дела „тешка кражба“

Приведен крадец во Свети Николе, расчистени 10 кривични дела „тешка кражба“

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - Приведен 41-годишен крадец во Свети Николе, за кој постои сомнение дека извршил 10 тешки кражби од објекти во Градскиот пазар.

- По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип расчистија 10 кривични дела „тешка кражба“ извршени на 10.03.2024 од продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе од каде биле одземени разни предмети и пари, соопштуваат од МВР.

Поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела, од слобода е лишен В.Б.(41) од Свети Николе.

- Тој бил задржан во Полициска станица и во службен разговор ги признал кривичните дела, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани, известуваат од полицијата.

По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. ир/са


Фото: МИА архива

Остани поврзан