• недела, 28 јули 2024

Приведен крадец во Кавадарци, одземениот паричник вратен на сопственичката

Приведен крадец во Кавадарци, одземениот паричник вратен на сопственичката

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Малолетник од Кавадарци вчера бил приведен од полициски службеници откако украл паричник на 56-годишна жена. Паричникот бил пронајден и вратен на сопственичката.

- Вчера, во 14.00 часот, во Кавадарци, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од градот. Тој се сомничи дека околу 12.15 часот во слаткарница во Кавадарци одзел паричник од кавадарчанката Б.Т.(56). Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а со малолетникот, во полициска станица, во присуство на родител и адвокат за малолетници, бил извршен службен разговор, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. ир/цр

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан