• сабота, 23 ноември 2024

Приведен крадец баран со потерница за казна затвор од една година

Приведен крадец баран со потерница за казна затвор од една година

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска на ул. „Качанички пат“ во Скопје, на територија на општина Бутел, го лишиле од слобода А.Ш. (49) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд- Скопје за затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што информираат денеска од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. сст/са/

Остани поврзан