• петок, 14 март 2025

Приведен крадец баран по потерници за извршени шест кривични дела

Приведен крадец баран по потерници за извршени шест кривични дела
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - На подрачјето на Центар-Скопје, вчера во 19.00 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(20) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Од МВР денеска информираа дека кај него биле пронајдени предмети и лични документи кои потекнуваат од кривични дела. - По извршена дополнителна проверка било констатирано дека пријавениот се бара по неколку потерници поради постоење основано сомнение за сторени шест кривични дела во периодот од 06.05.2022 до 27.09.2022 на подрачјето на СВР Скопје, од кои три кривични дела „тешка кражба“ казниви по член 236 од Кривичниот законик и три кривични дека „кражба“ казниви по член  235 од Кривичниот законик, појаснуваат од МВР. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. цр/нд/    

Остани поврзан