• петок, 08 ноември 2024

Приведен кичевец, пронајдени огревни дрва без документација

Приведен кичевец, пронајдени огревни дрва без документација

Скопје, 26 септември 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност денеска на патот од кичевското село Бигор Доленци, го лишиле од слобода С.А.(25) од Кичево.

Како што известуваат од МВР, при преглед во возилото „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација, а возилото било одземено за понатамошна постапка.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. љм/цр

Фото: МВР

Остани поврзан