Приведен кавадарчанец по пријава дека се заканувал на неговата партнерка
- Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа по пријава дека се заканувал на неговата партнерка.
Кавадарци, 4 ноември 2025 (МИА) - Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа по пријава дека се заканувал на неговата партнерка.
Од Секторот за внатрешни работи - Велес денеска информираа дека во 22:15 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци лишиле од слобода 37-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава, дека упатувал закани на неговата 31-годишна партнерка, со која живеел во вонбрачна заедница.
- Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР - Велес. свд/бд/
Фото: МИА архива