• вторник, 27 август 2024

Приведен кавадарчанец кај кого биле пронајдени примероци од заштитени птици

Приведен кавадарчанец кај кого биле пронајдени примероци од заштитени птици

Кавадарци, 23 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници вчера во 15.20 часот го лишиле од слобода Р.Ѓ., на возраст од 61 година, од Кавадарци, по претходно добиено известување од Државен инспекторат за шумарство и ловство, за држење и чување примероци од заштитени птици, информираат денеска од СВР Велес.

- Полициските службеници кај Р.Г. пронашле  примероци на заштитени птици од видот „штиглец“ и „зеленки“, кои се одземени и предадени на Државен инспекторат за шумарство и ловство. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.

Рано изутрина во 3.35 часот, пак, во полициска станица во Неготино бил пријавен пожар на куќа.

-Од страна на полициски службеници се излегло на лице место. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Увид на лице место ќе се изврши во текот на денот, информираат од СВР Велес. свд/хс/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан