• сабота, 23 ноември 2024

Приведен измамник, следува поднесок

Приведен измамник, следува поднесок

Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) -  Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11:55 часот, го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово.

Како што информираат денеска од МВР, тој се сомничи дека измамил 31-годишен жител од Липково за сума од 400 евра. Имено, откако се договориле дека ќе му изгради куќа, ги зел парите и веќе не се појавил.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. дма/нд/

 

Остани поврзан