• недела, 28 јули 2024

Приведен измамник во Скопје, следува соодветна пријава

Приведен измамник во Скопје, следува соодветна пријава

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Во Скопје вчера околу 09.30 часот полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х.З.(45) од скопското село Крушопек.

Од МВР денеска информираа дека тој се сомничи дека одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит, претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува.

- Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР. цр/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан