• понеделник, 23 декември 2024

Приведен затвореник кој издржувал казна затвор од две години и девет месеци

Приведен затвореник кој издржувал казна затвор од две години и девет месеци

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Дваесет и тригодишен жител на Кичево баран со потерница е приведен синоќа и спроведен во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната. 

- На 28.05.2024 во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го приведоа А.А.(23) од Кичево.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“, стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан