• среда, 14 јануари 2026

Приведен жител на кавадаречко Ваташа, алкохолизиран се однесувал агресивно во здравствена установа 

Приведен жител на кавадаречко Ваташа, алкохолизиран се однесувал агресивно во здравствена установа 

Кавадарци, 14 јануари 2026 (МИА) - Приведен бил жител на кавадаречкото село Ваташа, кој алкохолизиран се однесувал агресивно во здравствена установа. 

- Полициски службеници од ОВР - Кавадарци во текот на вчерашниот ден го приведоа Г.М., на возраст од 41 година од село Ваташа, постапувајќи по претходна пријава дека во здравствена установа во Кавадарци, агресивно се однесувал кон вработените и пациентите, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

При преземање мерки, како што се појаснува во соопштението, кај него биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта.

- Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан