• сабота, 23 ноември 2024

Приведен жител на Голема Речица баран со потерница за издржување казна затвор

Приведен жител на Голема Речица баран со потерница за издржување казна затвор

Тетово, 15 мај 2023 (МИА) – СВР Тетово информира дека денеска претпладне е приведен жител на Голема Речица по кого имало потерница за издржување казна затвор. Тој бил осуден за кривичните дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

-Денеска околу 10.45 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 52-годишниот Х.А. од тетовска Голема Речица. Тој бил баран по централна потерница врз осноава на судска наредба за издржување на казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела по член 297 и член 300 од Кривичниот законик, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Приведениот бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. ас/цр

Фото:МИА

Остани поврзан