Приведен дилер во Куманово, пронајден хероин
- Приведен 48-годишен дилер во Куманово, кај кого полицијата пронашла хероин.

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Приведен 48-годишен дилер во Куманово, кај кого полицијата пронашла хероин.
- Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против И.М.(48) од Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, известуваат од МВР.
По преземени мерки и активности, завчера, на 22 јануари, во Куманово бил извршен преглед во возило во кое се наоѓал И.М., при што кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето било лишено од слобода и по извршено вештачење против него е поднесена пријавата. ир/са/
Фото: МИА архива