• среда, 12 март 2025

Приведен велешанец баран по потерница

Приведен велешанец баран по потерница

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Во Велес вчера во 12.25 часот полициски службеници од СВР Велес го привеле М.П.(46) од Велес, соопштија денеска од МВР.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено -  поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан