• сабота, 23 ноември 2024

Приведен бегалец од затвор, осуден на шест години и 10 месеци затворска казна

Приведен бегалец од затвор, осуден на шест години и 10 месеци затворска казна
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Во Скопје на ул.„Темко Попов“ денеска во 13:15 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(47) од Скопје. Како што соопштија од МВР, тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово - Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и шест месеци, а бил осуден на казна затвор од шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 237 и член 215 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната установа за доиздржување на затворската казна. цр/аа/

Остани поврзан