• понеделник, 23 декември 2024

Приведен албански државјанин поради фалсификување на патна исправа

Приведен албански државјанин поради фалсификување на патна исправа
Скопје, 21 март 2021 (МИА) - На граничниот премин Деве Баир вчера при пасошка контролла е констатирано дека државјанин на Република Албанија извршил хемиски и механички корекции на патната исправа, соопшти денеска МВР. - Вчера во 13:00 часот на Граничниот премин Деве Баир, при пасошка контрола било констатирано дека на една страна од патната испарава на А.Ц.(32) од Република Албанија биле извршени хемиски и механички корекции. Поради сомнение за извршено кривично дело „фалсификување патна исправа“, лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка, се наведува во соопштението на Министерството.фф/вг/

Остани поврзан