• сабота, 23 ноември 2024

Приведено лице од Скопје осудено на 13 години затвор за „убиство“

Приведено лице од Скопје осудено на 13 години затвор за „убиство“
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Полицијата синоќа во 21.50 часот на улица „Охридска“ во Скопје го лиши од слобода скопјанецот С.Б.(55).Како што информираат од МВР, тој бил осуден на 13 години казна затвор за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на 30 месеци од казната.Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната. сст/

Остани поврзан