• среда, 27 ноември 2024

Приведено лице од кичевско, превезувал огревни дрва без документација

Приведено лице од кичевско, превезувал огревни дрва без документација

Скопје, 19 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 13:00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар,  го лишиле од слобода 60-годишниот В.П. од кичевско Тајмиште.

Како што соопшти МВР, тој со товарно моторно возило „фап“ со охридски регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи.

-В.П. е задржан за документирање на случајот, додека возилото со потврда му е одземено за натамошна постапка и ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението. дма/са/

 

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан