Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
- Полициски службеници вчера привеле едно лице од Гостивар, кое било барано за издржување на затворска казна.
Скопје, 6 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници вчера привеле едно лице од Гостивар, кое било барано за издржување на затворска казна.
- Вчера во 18:30 часот на улица „Никола Тесла“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Д.С.(69) Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна, соопштуваат од МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. фф/бак/
Фото: МИА Архива