• четврток, 14 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведено лице од Велес барано со потерница

Приведено лице од Велес барано со потерница

Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес го привеле 29-годишниот Н.Т. од Велес, кој бил баран со судска потерница за издржување затворска казна.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето било осудено на две години и три месеци затвор за сторено кривично дело „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето, Н.Т. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово – Скопје, каде ќе ја издржува затворската казна.ар/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан