• петок, 08 ноември 2024

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Белград, 2 мај 2024 (МИА) - Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан