• понеделник, 26 август 2024

Приведени лица од Арачиново и Брест, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Приведени лица од Арачиново и Брест, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа во 19:00 часот кај место „Рамно“, на шумскиот пат кон Бањашница во општина Чучер Сандево, ги лишиле од слобода К.Ј.(19) од с.Брест, скопско О.Ш.(27) с.Арачиново, скопско.

Како што соопшти МВР, тие биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште. Дрвата биле одземени и предадени на претставници од ЈП „Национални шуми“ – Караџица, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан