• среда, 27 ноември 2024

Приведени крадци, украденото вратено на сопственикот

Приведени крадци, украденото вратено на сопственикот
Скопје, 12 јули 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10 јули, за одземен електричен тротинет. Како што информираат од МВР, кај осомничените во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени три електрични тротинети, меѓу кои и оној на оштетениот. -Тротинетот е вратен на А.И., а двете лица приведени во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР. бт/ац/

Остани поврзан