• сабота, 23 ноември 2024

Приведени крадци по извршено кривично дело во Гостивар

Приведени крадци по извршено кривично дело во Гостивар

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) -  Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар вчеравечер ги лишиле од слобода малолетник од Тетово и Б.А.(18) од тетовско Селце. 

Како што известуваат од МВР, се сомничи дека околу 18:30 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар на 58-годишен гостиварец, двајцата му одзеле пари и побегнале. По преземени мерки, малолетникот набрзо бил фатен, а подоцна и Б.А..

-Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив  ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата. љм/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан