Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдени различни видови дрога
- Во Штип вчера во 06.30 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34) од Штип и Л.М.(55) од Велес, соопштија од МВР.

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Во Штип вчера во 06.30 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34) од Штип и Л.М.(55) од Велес, соопштија од МВР.
- При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Л.М., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела материја, дигитална вага и други предмети поврзани со делото, се наведува во соопштението.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/
Фото:МИА архива