Приведени две лица во беровско поради нелегална сеча на букови стебла
- Во атар на Берово, на место викано „Шуманов Чукар“, денеска на пладне полицијата ги затекнала Д.В. и М.В. од село Ратево, беровско, при нелегална сеча на букови стебла.

Скопје, 25 јули 2021 (МИА) - Во атар на Берово, на место викано „Шуманов Чукар“, денеска на пладне полицијата ги затекнала Д.В. и М.В. од село Ратево, беровско, при нелегална сеча на букови стебла.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, за настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. ар/