• сабота, 23 ноември 2024

Приведени двајца измамници од Скопско

Приведени двајца измамници од Скопско
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Полицијата вчера привела две лица од Скопско, поради основано сомневање дека сториле кривично дело измама. -Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение криминалистички работи Гази Баба во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, вчера (31.08.) околу 14,00 часот на обиколница Скопје, во близина на клучка за Приштина, од слобода ги лишиле лицата А.М. (50) од село Бојане-скопско и И.З. (46) од село Копаница-скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “измама“ по член 247 од КЗ, информираат од МВР. Истиот ден околу 09 часот, 55-годишно лице пријавило во ОВР Делчево дека извесно лице што се претставило како Д.Н., му се јавило на неговиот мобилен телефон нудејќи му да транспортира стока од Велес до Делчево за сума од 750 евра, но, притоа да помине и во Кочани, каде што од лице од овој град требало да земе производи и да му остави 21.500 денари. Педесет и петгодишното лице, како што соопштуваат од МВР, бидејќи имало информации за слични измами, сомневајќи се во понуденото, решило да го пријави случајот. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и во врска со измамата, на обиколница Скопје, кај клучката за Приштина приведени се А.М. (50) и И.З. (46), кој бил спречен откако се обидел да избега. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. сст/са/      

Остани поврзан