• понеделник, 23 декември 2024

Приведени вработен во АНБ и полициски службеник за измама (ДПЛ)

Приведени вработен во АНБ и полициски службеник за измама (ДПЛ)
Скопје, 11 декември 2020 (МИА) - СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица И.А. (30) и А.Р. (40) од Скопје поради лажно прикажување на факти кои се однесуваат на нивниот идентитет. Пријавата е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 во врска со чл22 од Кривичниот законик. -Првопријавениот, вработен во АНБ во договор со второпријавениот, како униформиран полициски службеник во СВР Скопје, со намера да се стекнат со противправна имотна корист оствариле средба со оштетениот М.А. и неговиот внук Р. А., на која изнеле невистинити податоци со што ги довеле во заблуда оштетените, соопштија од МВР. Пријавените со лажно прикажување на факти кои се однесуваат на нивниот идентитет и лажни инкриминирачки информации за правно лице, побарале парична награда во износ од 3.000 евра како би му помогнале да се избришат податоци. -За да издејствуваат парични средства, пријавените во неколку наврати преку телефонски повици и пораки барале остварување на нова средба кој се случила на 08.12.2020, каде оштетениот им исплатил дел од побараната парична награда односно 600 евра. Двајцата осомничени се приведени и предадени на обвинителството со соодветна кривична пријава, соопштија од МВР.бт/лв/

Остани поврзан