• сабота, 23 ноември 2024

Приватно здравствено осигурување за 2.900 вработени и за членовите на нивните семејства обезбедува „Амфенол Технолоџи Македонија“

Приватно здравствено осигурување за 2.900 вработени и за членовите на нивните семејства обезбедува „Амфенол Технолоџи Македонија“

Кочани, 18 ноември 2023 (МИА) – Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани продолжува со комплетното покривање на трошоците за приватно здравствено осигурување за над 2.900 вработени, а новина е што поволностите ќе можат да ги користат и членовите на нивните семејства.

Од компанијата нагласија дека се работи за еден најзначајните проекти за грижа за вработените, на кои им е обезбедено бесплатно лекување во најсовремените клиники и здравствени установи во државата.

-Сите вработени поседуваат картички за приватно здравство, а досега многумина го искористија бенефитот од лекувањето во најголемите клиники „Систина", „Жан Митрев", „Ремедика" во Скопје, како и во приватни здравствени установи во Кочани и другите градови. Задоволството кај вработените е големо со оглед на општопознатата состојба во нашето јавно здравство и тешкиот, но и многу често невозможен начин да се закаже термин за преглед и лекување, и истото да се плати. Вработените во ,,Амфенол" се најважни и грижата за нив и во иднина останува наш најголем приоритет, истакна Сашко Наков, директор на компанијата.

Деновиве ќе биде потпишан нов договор за продолжување на приватното здравствено осигурување со што секој вработен, под повластени услови, ќе има можност да направи здравствена полиса и за членовите на неговото семејство.

Првпат приватно здравствено осигурување вработените добија минатата година, а досега се реализирани поголем број клинички прегледи, оперативни зафати и породувања во најрелевантните приватни клиники и здравствени установи.

Целиот проект се реализира преку ,,Македонија осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп", а со посредство на ,,Наше осигурување" од Кочани. та/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан