Прибетиќ: Патуваме со добра предност, но не смееме да се опуштиме
- Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид во сабота во Прага го играат реванш дуелот од осмина финалето со чешкиот тим Дукла
Охрид, 19.февруари 2026 (МИА) – Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид во сабота во Прага го играат реванш дуелот од осмина финалето со чешкиот тим Дукла. По првиот дуел охриѓани остварија висока победа од 30:21, но во таборот на македонскиот тим се внимателни.
Оваа недела се трудиме да ги исправиме нашите грешки и сигурен сум дека ќе излеземе подготвени во сабота. Некои работи беа добри, некои помалку добри. Патуваме со добра предност, но не смееме во ниту еден момент да се опуштиме бидејќи Дукла е добра екипа која тоа ќе го казни. Верувам во момците дека ќе го покажеме вистинското лице и среќни ќе се вратиме во Охрид“, изјави Џанфранко Прибетиќ, кој на првиот дуел постигна два гола.
Реванш натпреварот се игра во Прага во сабота со почеток во 18 часот. мн/
Фото: Фејсбук ГРК Охрид